Прогноза за времето- сончево и потопло

Времето ќе биде сончево и потопло со слаб југозападен ветер. Во утринските часови по котлините и по речните долини ќе има услови за слаба магла и ниска облачност која во текот на денот постепено ќе се растура. Утринската температура се движи од нула до пет, а во Малешевскиот регион ќе се спушти до минус четири степени. Дневната температура ќе се движи од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината во утринските часови ќе има слаба магла, а во текот на денот ќе се задржи сончево и релативно топло, но и претежно тивко време. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.