Грузија испрати свои војници во Авганистан

Грузија денеска за првпат испрати свои трупи во Авганистан за да им се придружат на НАТО силите во таа земја. Министерот на одбрана на Грузија изјавил дека неговата земја ќе испрати 173 војници да им се придружат на коалиционите сили. Тој изјавил дека уште стотина војници кои се обучувани од американските сили , ќе заминат во Авгансистан и ќе бидат под американска команда. Грузија претходно испрати 2.000 војници во Ирак.