Средба Груевски-Борисов во Софија

Премиерите на Македонија , Никола Груевски и на Бугарија Бојко Борисов, на денешната средба во Софија се согласиле дека двете земји и понатаму треба да градат добри односи. Груевски порачал дека Македонија е отворена да разговара за секое прашање кое повремено ќе се јави како проблем. Тој изјавил дека прашањата поврзани со историјата, треба да се остават на историчарите, а раководства на двете држави да се фокусираат на сегашноста и на иднината Бугарскиот премиер Борисов изјавил дека Бугарија и Македонија се братски народи кои треба да си помагаат во секоја ситуација. Тој додал дека настојува да не се толерираат групи во Бугарија, кои создаваат проблеми, да не се создаваат конфликти, да се почитува добриот тон и да се избегне јазикот на омразата.