Во Македонија досега 334 луѓе заболени од свински грип

Досега во Македонија се регистрирани 334 случаи на заболени од новиот свински грип, соопштиле од Министерството за здравство. Од таму соопштиле дека од денеска лабораториски истипувања ќе се вршат само на сомнителни случаи со тешка клиничка слика. Од Министереството препорачуваат до лекарите да не им дават од лекот „тамифлу“ на пациентите кои не се во тешка состојба.