Напади во Авганистан, 2 мртви и 20 повредени

Најмалку двајца цивили загинале а 20 се повредени денеска во авганистанскиот град Тагаб, кога милитантитите нападнале пазар , соопштуваат француските сили во таа земја. Нападот се случил пред да пристигне францускиот генерал Марсел Друарт за да дискутира со авганистанските власти за воената офанзива во долината Тагаб. Во нападот не се повредени војници на коолиционите сили. Вчера стотици француски и авганистански војници започнаа офанзива во Тагаб.