ЕУ и Русија со правила во енергетското снабдување

Европската унија и Русија воведоа систем за рано предупредување при снабдувањето со енергенси со цел да се избегнат кризите што во изминативе неколку години ги потресуваа однсоите меѓу двете страни. Со системот за што денеска во Москва беше потпишан договор, се поставуваат прецизни правила за да се намалат можностите за блокада на снабдувањето на Европа со руски гас и нафта.