Одлагање на стартот на иранската нуклеарка Бушер

Русија соопшти дека нема да го стартува нуклеарниот реактор во иранската централа Бушер до крајот на годинава како што претходно беше најавено. Министерот за енергија Сергеј Шматко денеска во Москва изјави дека одлагањето е поради технички причини. Русија во минатата година го комплетираше снабдување со нуклеарно гориво на Бушер и покрај противењето на Западот и сомневањата во иранската нуклеарна програма.