Обама: САД и Кина не се непријатели

Барак Обама, говорејќи денеска при својата прва посета на Кина како американски претседател, изјави дека тој нема предубедување оти Соединетите држави и Кина мора да бидат непријатели. Обама на средбата со кинески студенти во Шангај, исто така, рече дека сите луѓе, вклучувајќи ги и кинеските граѓани, треба да ги споделуваат универзалните права на слободно изразување, религиозна слобода, и слободен пристап до информации. Обама се очекува денеска да отпатува за Пекинг на разговори со претседателот Ху Џинтао.