Во Рим самит против гладта во светот

Во Рим денеска почна тридневен самит посветен на мерките за намалување на бројот на гладните во светот. На самитот чиј домаќин е Организацијата за храна и земјоделство ФАО се очкеува да учествуваат 60 шефови на држави и влади. Во нацрт декларацијата на состанокот, трет од таков вид во последниве 10 години, се предвидува и обврската на светските лидери за зголемување на помошта за развој на земјоделството. Според потадоците на ФАО, секој шестти човек во светот гладува.