Премиерот Груевски во посета на Бугарија

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе престојува во кратка работна посета на Република Бугарија. Предвидено е тој да се сретне со својот бугарски колега Бојко Борисов, се вели во кусото соопштение од владата.