Неколку опозициски пратеници најавија враќање во албанскиот парламент

Десетина од вкупно 65-те пратеници на опозициската Социјалистичка партија на Албанија за денеска најавија враќање во парламентот, по неколкумесечното отсуство. Станува збор за членови на партијата кои се со спротивно мислење од лидерот Еди Рама. Во меѓувреме, во оваа партија остануваат на барањето за истрага на изборите од 28 јуни и се подготвуваат за масовниот протест закажан за 20 ноември во Тирана.