Клинтон:САД немаат интерес да останат во Авганистан

Американкиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека Соединетите држави не се заинтересирани за останување во Авганистан. Клинтон за американската телевизија АБЦ изјавила дека САД немаат долгорочен удел таму. Таа објаснила дека американската цел во Авганистан е да се порази Ал Каида и да му се помогне на авганистанскиот народ да се бранат против Талибанците. Клинтон, исто така, изјавила дека САД веруваат во авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и неговата влада дека можат да направат да биде подобро