Обама и Медведев не задоволни од разговорите со Иран

Американскиот претседател Барак Обама изјавил дека светот веќе нема време да го троши на напорите за решавање на кризата околу иранската нуклеарна програма. Тој со својот руски колега во Сингапур разговарал за ситуацијата со Иран, и Рускиот претседател Дмитри Медведев изјавил дека и тие не се задоволни од темпото со кои се одвиваат разговорите со Иран, и додал дека ако преговорите не дадат резултати можат да се користат и други начини на преговарање. Во меѓувреме, шефот на иранскиот комитет за националната безбедност ,Аледин Борујерди , изјавил дека наскоро Иран ќе произведе напреден систем за ракетна одбрана околу себе доколку Русија не ги испорача ветените ракети. Москва не го исполни договорот да го снабди Иран со ракети за противвоздушна одбрана.