Меѓународната заедница уште долго останува на Косово

Амбасадорот на Соединетите држави во Приштина, Кристофер Дел изјавил дека меѓународната заедница најмалку уште 10 години ќе остане на Косово. Тој во разговор за Гласот на Америка, изјавил дека САД ни под било какви околности нема да ја повлечат одлуката за признавање на Косово.