Предметите на измамникот Мадоф на аукција

Предметите кои некогаш биле во сопственост на озлогласениот американски финансиски измамник Бернард Мадоф и на неговата жена Рут, беа изложени на аукција во Њујорк. Со продажбата на предметите биле собрани околу 1 милион долари кои треба да им се вратат на луѓето кои биле измамнени од Медоф. Бернард Медоф моментално издржува 150-годишна затворска казна за измама на инвеститори од кои зел повеќе од 65 милијарди долари.