Словенија и Русија потпишаа договор за Јужен тек

Рускиот премиер Владимир Пунин и словенечкиот Борут Пахор, денеска го потпишаа договорот за учество на Словенија во гасоводот Јужен Тек.Проектот за гасоводот се очекува да биде завршен до 2015-та и треба да ја снабдува Европа со руски гас но да се избегне Украина која досега беше транзитна земја, и гасот во ЕУ да стига преку Бугарија. На проектот веќе му пристапија Италија, Грција, Бугарија, Србија и Унгарија. Гасоводот е финансиран од страна на руската компанија за гас "Гаспром" и италијанската „ Ени“