Бугарија ја намалува зависноста од руски гас

Бугарија со Азербејџан денеска потпиша протокол за увоз на повеќе милијарди кубни метри гас годишно. Со тоа, како што се оценува, Бугарија ќе ја намали својата зависност од руски гас која сега изнесува скоро 90 насто. Гасот од Азербејџан би требало да се испорачува преку Грузија до Црно море по што ќе се транспортира до Бугарија, изјави бугарскиот претседател Георги Прванов по потпишувањето на протоколот.