Турскиот парламент со расправа за помирување со курдите

Турскиот парламент денеска треба да одржи седница на која ќе се расправа за планот на владата за помирување со кудското малцинство и за крај на 25 годишниот конфликт со курдските бунтовници. Премиерот Реџеп Таип Ердоган кој ќе има обраќање во парламентот изјави дека сака да им даде поголеми права и можности на курдите. Дел од опозијата го критикуваше планот со образложение дека претставува закана за турското единство.