Браун убедува за повеќе војници во Авганистан

Британскиот премиер Гордон Браун изјави дека се обидува да ги убеди сојузниците во НАТО да испратат 5 илјади дополнителни војници во Авганистан. Во интервју за Би Би Си Браун, изјави дека Британија која има 9 илјади војници во Авганистан би можела да испрати уште 500 дополнителни, но оти товарот би требало да го преземат и другите сојузници. Во меѓувреме, Германија најави дека во јанураи ќе испрати уште 100 војници во Авганистан.