Самит на ЦЕИ во Букурешт

Во Букурешт денеска се одржува самит на Централно европската инцијатива на кој учествуваат претставници на 18 земји членки на иницијативата. Вчера во Букурешт беше одржан состанок на шефовите на дипломатијата на кој главна тема беше прилагодувањето на ЦЕИ на новите економски и политички услови. На денешниот самит учествува министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски.