САД ги продолжија економските санкции спрема Иран

Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи економските санкции против Иран за уште една година, бидејќи односите со Техеран сеуште не се вратени во нормала, соопшти Белата куќа. Обама се обиде на дипломатски начин да ги реши проблемите, но сеуште останува отворен спорот со Иран во врска со неговата нуклеарна програма, се истакнува во соопштението.