Германија бара од Авганистан поефикасна борба против криминалот

Германскиот министер за одбрана Карл Теодор Гутенберг ја повика авганистанската влада да ги зголеми своите напори во борбата против корупцијата и криминалот, ако сака да ја поврати довербата на Берлин. Тој е во посета на Кабул, каде што изјави дека Германија треба да види јасни знаци на напредок. Германскиот парламент треба да гласа во декември дали да се испратат уште војници во Авганистан.