Бомбашки напади во Пакистан

Во експлозија на бомба е уништена една зграда на безбедносните сили во Пакистан. Властите велат дека 7 луѓе загинале, а 35 се повредени. Еден час подоцна во самоубиствен напад со автомобил бомба се повредени десет луѓе во полициска станица во Бакахел. Милитантите ги интензивираа бомбашките напади во оваа земја, откако војската започна офанзива против нив.