Во Русија затворен лидерот на опозициската болшевичка партија

Руските власти го осудиле на 10 дневен затвор лидерот на забранетата Национално болшевичка партија, Едуард Лимонов. Тој бил осуден за неовластено организирање на демонстрации. На 31 октомври, полиција уапси околу 50 припадници на опозиција, вклучувајќи го и Лимонов кој се обидувал неовластено да присуствува на демонстраци во Москва Руските власти го забраниле протестот на опозицијата со образложение дека на тоа место тој ден бил организиран друг настан.