Обама ќе организира самит за отварање на нови работни места

Американскиот претседател Барак Обама изјавил денеска дека ќе организира самит во Белата Куќа, кој ќе биде посветен на создавање на услови за отварање на нови работни места. Тој изјавил дека справувањето со невработеноста е еден од најголемите предизвици на неговата администрација.