Србија:Нема услови Србите на Косово да излезат на избори

Нема услови за учество на косовските Срби на локалните избори во Косово, кои треба да се одржат на 15-ти ноември, изјавил денеска српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ. Тој изјавил дека Србите нема да добијат ништо со тоа што ќе излезат на изборите .Изјавата на Богдановиќ може да се оцени како одговор на критиките кон политиката на Белград од некои лидери на косовските Срби, анализираат западните медиуми. Претседателот на Српскиот национален совет на Северно Косово, Милан Ивановиќ ги обвини вчера српските власти дека „недоволно убедливо ги повикуваат Србите на бојкот“ на локалните избори.