Груевски ја поздрави препораката за укинување на визите

Премиерот Никола Груевски ја поздравил денешната резолуција на Европскиот парламенет со која се препорачува укинување на визите за Македонија. Во писмената изјава на Премиерот се вели дека со препоракта за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора, ЕУ покажала дека е солидарна кон сите граѓани кои живеат во Европа.