Во Јужен Вазиристан убиени 22 милитанти

Пакистанските сили денеска убиле 22-ца Талибанци за време на офанзивата во Јужен Вазиристан, соопштиле пакистанските власти. За време на нападите загинале и 5 пакистански војници а повредени се неколкумина. Во офанзивата против упориштата на Талибанците која пакистанките сили ја започнаа на 17 октомври, досега загинале околу 500 бунтовници, велат пакистанските власти.