Македонија има големи очекувања од ЕУ

Визната либерализација е конкретен доказ дека Македонија, Србија и Црна Гора се добредојдени во Европската Унија, изјавил денеска заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров во обраќањето на самитот на Централно европската иницијатива во Букурешт. Тој изјавил дека Македонија има големи очекувања и од престојната конференција во Брисел, на 9 декември кога треба да се одлучи дали земјата ќе добие датум за почеток на преговори за влез во ЕУ.