САД засега без дополнителни војници во Авганистан

Американскиот амбасадор во Авганистан Карл Еикенбери во писмо до Белата Куќа изразил резерви во врска со испраќањето дополнителни американски војници во Авганистан. Тој оценил дека владата на претседателот Хамид Карзаи најнапред треба да докаже дека е способна да се справи со корупцијата.