Закани од Пјонг Јанг до Сеул


Северна Кореја и се закани на Јужна дека ќе плати висока цена за престрелката меѓу бродовите на двете земји пред два дена. Во инцидентот загинал еден северно-корејски офицер. Министерот за одбрана на Јужна Кореја Ким Тае Јонг изјави дека може да се очекува Северна Кореја да превземе одмазничка акција.