Обама и армиските команданти расправаат за Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама денеска се сретнува со своите армиски команданти за да дискутираат за новата стратегија за Авганистан. Белата куќа соопшти дека Обама е блиску до носење одлука да испрати дополнителни 40 илјади трупи за борби против Талибанците. Средбата е осма по ред во серијата претходни слични среќавања, а до неа доаѓа во време додека истражувањата на јавното мислење покажуваат дека поголем број Авганистанци не гледаат оти војната во Авганистан оди во правец да овозможи позитивен развојот на ситуацијата во таа земја.