Стојан Карајанов амбасадор на Македонија во Косово

Македонската влада го именувала Стојан Карајанов за прв македонски амбасадор во Приштина. Карајанов досега ја извршуваше функцијата шеф на македонската канцеларија за врски во Косово. Одлуката за отварање на амбасада во Приштина е заедничка одлука на премиерот и на претседателот на Македонија и доаѓа на само 5 дена откако во посета на Скопје беше министерот за надворешни работи на Косово , Скендер Хисени.