Заврши средбата Црвенковски -Ахмети во Тетово

Лидерите на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДУИ, Али Ахмети на средбата која ја имаа денеска во Тетово дискутирале за клучните прашања за државата, со осврт на евроинтеграциите на Македонија.Тие се согласиле дека ова е историска шанса за Македонија која треба да се искористи. Црвенковски посочил дека и по еден месец од добивањето на Извештајот на Европската комисија, премиерот Никола Груевски ништо не сторил за решавање на спорот за името со Грција. Ахмети изјавил дека ДУИ и албанците ќе бидат максимално конструктивни и ќе придонесат во решавање на прашањето за името, и дека проблемот за името не го третираат одвоено од македонците. Тој додал дека на средбата не треба да се гледа како на дел од некое сценарио или притисок.