Иран ќе му помога на Јемен

Иран денеска соопштил денеска дека е подготвен да соработува со владата на Јемен да ја врати безбедноста таму. Министерот за надворешни работи Манучер Мотаки, повикал на колективен пристап за да му се помогне на Јемен да се врати мирот и стабилноста во земјата. Властите во Јемен се борат со шиитските бунтовници во северниот дел на земјата. Владата во Јемен претходно го обвини Иран дека ги помага бунтовниците, Саудиска Арабија веќе му помага на Јемен и една недела врши воздушни напади врз упориштата на бунтовниците.