„Гардијан“ ќе му плаќа отштета на ирачкиот премиер

Британскиот весник „Гардиан“ треба да му плати 86 илјади долари отштета на ирачкиот премиер Нури ал-Малики, потврдил денeска ирачкиот суд. Од „Гардијан“ велат дека ќе поднесат жалба на одлуката. Од канцеларијата на Малики изјавиле дека немаат никаква врска со донесената пресуда. Во април годинава, британскиот весник објави приказна за ирачкиот министер и за тајните служби , за која ирачкиот суд смета дека е клевета