Пет години од смртта на Јасер Арафат

Палестинците денеска ја одбележуваат петтата годишнина од смртта на првиот претседател, Јасер Арафат. Десетици илјади Палестинци со транспаренти и знамиња се собрале во Рамалах, во чест на човекот кој четири децении водеше борба за самостојна татковина. Наследникот на Арафат, Махмуд Абас обраќајки се на собирот повикал да се прекине со изградабата на израелски населби на окупираната палестинска територија.