САД ке испратат специјален пратеник во Северна Кореја

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека поморскиот судир меѓу Северна и Јужна Кореја нема да се одрази врз намерата да испрати специјален пратеник во Севрна Кореја. Од друга страна како што јавија новинските агенции, јужнокорејски војници се во состојба на висока готовност ден по размената на огнот меѓу воени бродови со Северна Кореја. Според Јужнокорејските власти севернокорејскиот брод бил тешко оштетен по престрелка на Жолто Море додека јужнокорејскиот брод имал мали оштетувања. Министерот за одбрана на Јужна Кореја Ким Тае изјави дека очекува Северна Кореја да се одмазди.