Нови 14 заболени од свински грип во Македонија

Во Македонија во изминатите 24 часа, биле регистрирани 14 нови случаи на заразени со свински грип .Од нив десет се средношколци и основци, а другите се возрасни луѓе кои патувале надвор од државата. Комисијата за пандемски грип денеска одлучи да се одложат сите планирни екскурзии и оцени дека нема потреба од масовно носење маски бидејќи не постои епидемиолошка оправданост за тоа