Горбачов повика на подобри односи меѓу ЕУ и Русија

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов денеска повика на подобра соработка меѓу Европската унија и Русија. Тој од Берлин, изјавил дека ЕУ сеуште не одлучила каква Русија сакаат да видат. Горбачов додал дека му изгледа дека ЕУ сеуште се плаши од Русија. На тоа претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо одговорил дека ЕУ сака силна, стабилна и просперитативна Русија, која ќе го почитува законот и човековите права.