Заштита на домашното производство

Фабрика

Бизнисмените сметаат дека Македонија има потреба од стратегија и мерки за заштита на домашното производство и стимулирање на извозот. Економската стручна јавност сепак додава дека земјата е обврзана спрема Светската Трговска Организација да не поставува царински бариери.
Босна и Херцеговина изгласа закон за заштита на домашното производство со кој се предвидува враќање на полни царински стапки за увоз на земјоделски производи од Хрватска и Србија. Индија го зголеми данокот за увоз на масло од соја. Русија ги зголеми давачките за увоз на странски автомобили а Франција основа посебен државен фонд за заштита на домашните претпријатија од странските купувачи. Ова се дел од мерките што земјите во светот ги спроведуваат за заштита на домашното производство, но се во расчекор со Светската трговска организација, велат експертите. Бизнисмените и експертите сметаат дека Македонија има потреба од стратегија и мерки за заштита на домашното производство и стимулирање на извозот. Константин Барзов е косопственик на голема фабрика за чевли во Македонија. Тој вели дека само 5 проценти од чевлите што се продаваат во земјава се од македонско производство. Цената на пазарот ја уриваат намногу кинеските чевли кои се продаваат за екстремно ниско цени:
Да се даночат по реални цени на пазарот и кожата е берзанска цена, автоматски нашето учество на пазарот ќе се зголеми од 100 илјади ќе биде на 200-500 илјади што значи нови вработувања, нови давачки кон државата


,,Бидејќи пет посто ја уриваат цената. Да се даночат по реални цени на пазарот и кожата е берзанска цена, автоматски нашето учество на пазарот ќе се зголеми од 100 илјади ќе биде на 200-500 илјади што значи нови вработувања, нови давачки кон државата од приходите за плата, од она што сега го зема."

Директорот на една винарија, Ѓорѓи Тренев своето вино го продава на европските пазари.

,,Различно се регулирани тие ограничувања на пристапот на стоки. Да речеме во Англија има одредени давачки по литар, има во Шведска и во други земји од ЕУ исто така и во земји што не се членки, што значи дека од секоја земја зависи дали одредена гранка во индустријата ќе ја заштити."

Професорката Ирена Кикеркова вели дека домашното производство не може во целост да се заштити затоа што сме обврзани спрема Светската трговска организација да не поствуваме царински бариера. На домашното производство може да му се помогна на друг начин, односно да им се дадат даночни олеснување на производителите или повеќе пари од буџетот за потикнување на домашно производство, вели Кикеркова.
Меѓутоа во овој момент поради општите економски состојби кои што се неповолни и во светот и тука просторот за маневрирање е многу, многу ограничен


,,Меѓутоа во овој момент поради општите економски состојби кои што се неповолни и во светот и тука просторот за маневрирање е многу, многу ограничен. Значи на краток рок ова тешко дека може да се реализира и да даде поголеми ефекти и практично во македонската економија постои сериозна потреба за преструктуирање на економијата, но ова со никакви мерки неможе да се постигне во период од една, две, три години, туку ова е долгорочен процес."

Најдоброто решение е да се направи производството вистински конкурентно со воведување на современа технологија и стандардизирање на производите со определен квалитет. Основна идеја на мала економија како Македонија е што повеќе да се стимулира извозот а не да го да се ограничува увозот велат експертите.