Косор:Хрватска ја подржува Македонија за влезот во ЕУ

Хрватска ги подржува македонските аспирации да стане дел од Европа, изјавила хрватската премиерка Јадранка Косор по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Скопје. Двајцата премиери разговарале и за можноста за унапредување на економската соработка меѓу двете земји.