Вашингтон: американците затворени во Иран не се шпиони

Семејствата на тројцата американски планинари кои над три месеци се затворени во Иран демантираат дека нивните роднини биле шпиони за што иранските власти веќе покренаа обвинување. Ваквото обвинение претходно го отфрлија Белата Куќа и Стејт департментот. Шејн Бауер, Сара Шурд и Џош Фатал во јули годинава беа уапсени од иранските гранични стражари. Тие, според наводите на нивните семејства, била на планинарење во Ирак и случајно ја минале границата со Иран.