Хрватската премиерка Косор во посета на Македонија

Хрватската премиерка Јадранка Косор денеска ќе пристигне во официјална посета на Македонија. Предвидено е таа да се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски, а ќе биде примена и од претседателот на РМ Ѓорге Иванов и од претседателот на собранието Трајко Вељаноски. Премеирите Груевски и Косор треба да се обратат и на состанокот на македонско-хрватскиот деловен клуб.