Престрелка меѓу морнариците на Северна и Јужна Кореја

Јужнокорејските медиуми објавија дека имало престрелка меѓу морнариците на Северна и на Јужна Кореја. Нема информации за мртви или повредени. Според медиумите, јужнокорејските бродови пукале кон севернокорејски бродови што наводно влегле во водите на југот. Морнарицата од северот возвратила на огнот.