Обама: нов договор СТАРТ до декември

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека очекува САД и Русија до декември да потпишат нов договор СТАРТ за намалување на нуклеарните арсенали на двете земји. Важноста на постојниот договор СТАРТ истекува во декември. Во интервју за новинската агенција Ројтерс, Обама оцени дека во изминативе неколку месеци е направен поголем напредок во напорите за неширење на нуклеарното оружје, отколку во изминативе неколку години. Се очекува Обама да се сретне со рускиот претседател Дмитриј Медведев на 15-ти ноември, на маргините на Азиско-пацифичкиот регионален самит во Сингапур.