ОН: изборите во Авганистан легитимни

Генералното собрание на ОН оцени дека изборите во Авганистан се легитимни и покрај критиките за изборна измама. Во едногласно усвоената резолуција, ОН го повикуваат авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да работи на владеење на правото, борба против корупцијата и на забрзување на судските реформи.