Ѓул:Треба да се формира Палестинска држава

Турскиот претседател Абдула Ѓул кој е домаќин на економската средба на Организацијата на Исламска конференција, изјавил дека решавањето на блискоисточниот конфликт врз база на две држави, ќе го засили патот за мир во регионот. Тој изјавил дека е незаимисливо да се да се стигне до мир и стабилност во регионот, ако не биде формирана палестинска држава со признати граници и главен град Источен Ерусалим. Според него, расколот меѓу Палестинците е пречка за успешно решавање на проблемот.