Во Авганистан, 11 луѓе починале од свински грип

Авганистанскиот министер за здравство изјавил дека досега од свински грип починале 11 луѓе, а повеќе од 78о луѓе се инфицирани од новиот вирус. Според министерот половина од заразените се странци. На 1 ноември авганистанската влада ги затвори сите училишта на три недели откако почина првиот човек од свински грип. Во светот од новиот вирус починаа повеќе од 6.000 луѓе.