Иран обвини 3 американци за шпионажа

Главниот ирански обвинител изјавил денеска дека тројцата американци кои пред три месеци беа уапсени на границата со Ирак, се обвинети за шпионажа, пренесува новинаската агенција ИРНА. Американските државјани беа уапсени на 31 јули кога од северен Ирак ја преминале границата со Иран. Американската влада и роднините на уапсените тврдат дека тие биле на планинарење и дека границата ја преминале сучајно.